MK |
На самиот почетокот според основачите ДООЕЛ „БЕЛЕВСКА“ а сега „Интерактива ДООЕЛ Струга “ постои цели 17 години и егзистира благодарение на взаемно изградениот меѓусебен деловен однос помеѓу фирмите кои ги опслужува, своите многубројни партнери во работата и квалитетните услуги кои ги испорачува.
Нашето постоење и успех се темели на целосната посветеност на барањата на нашите клиенти, професионалност, искуствено решавање на сите поставени задачи и стремеж за постојан развој со следење на последните стандарди во професијата.
Од формирањето до денес, ние секогаш се трудиме и настојуваме нашето работење и ангажирање да го засноваме на општествена одговорност, хумани вредности, воведување на нови принципи и технологии и да растеме заедно со Вас, како наши клиенти.
Високото ниво на професионалност го докажуваме преку нашите услуги и тоа : сметководство, книговодство со даночен консалтинг, и советодавни услуги.
Наш приоритет, наш принцип, прва и основна цел секогаш ни била и сеуште е да ги разбереме Вашите потреби, визии, предизвици, начинот на кој треба да се одвиваат сите процеси во Вашата фирма, и заеднички да стигнеме до поголема продуктивност и до поголем профит. Затоа што, само така може да се изгради целосна доверба и беспрекорна соработка со нашите клиенти, што претставува основа за гарантиран деловен успех.
Преку навремено, целосно, квалитетно и ефикасно работење, ние Ви ги ставаме на располагање целокупните нашите капацитети, знаење, стручност искуство и вештини, во секое време, затоа што знаеме дека :
ВАШИОТ УСПЕХ, Е И НАШ УСПЕХ !
Ние знаеме дека сметководствената анализа на финансиските извештаи е неопходна менаџерска алатка за нормално работење на деловните субјекти. Ние знаеме дека реалните податоци во финансиските извештаи се резултат на правилно водење на сметководство. Ние знаеме дека уредното, ажурно, сеопфатно и комплетно сметководство е основата за носење на правилни одлуки за секој претприемач, управител, менаџер. Токму затоа, со нас и нашите можности, нашите услуги за сметководство книководство и консалтинг секогаш ќе имате основа и можност за правилна деловна одлука.
Дозволите токму ние да бидиме дел од решението, дел од вашиот развој, дел од вашиот деловен успех. Дозволите ние како Ваш партнер да Ви понудиме можности за поголема конкурентност, помали трошоци и поголем профит. Дозволите, и Вие бидите дел од нашата професионалност, како наш значаен клиент со целосна посветеност кон Вашиот успех. Затоа што :
ВАШИОТ УСПЕХ, Е И НАШ УСПЕХ !
H | H | H | H | H | H | H | H |
H | H | H | H | H | H | H | H |
H | H | H | H | H | H | H | H |
H | H | H | H | H | H | H | H |
H | H | H | H | H | H | H | H |
H | H | H | H | H | H | H | H |
H | H | H | H | H | H | H | H |
H | H | H | H | H | H | H | H |
fade |
curtainX |
cover |
growX |
scrollUp |
scrollDown |
scrollLeft |
scrollRight |
uncover |
wipe |
zoom |